Поврзувања (известувања)
Поврзувајте различни надворешни уреди со телевизорот и менувајте ги
режимите за влезен сигнал за да изберете надворешен уред. За повеќе
информации околу поврзувањето на надворешен уред, погледнете во
упатството испорачано со секој од уредите.
Достапни надворешни уреди се: HD ресивери, DVD плеери, VCR, аудио системи,
USB уреди за складирање, PC, уреди за игри и други надворешни уреди.
Овој модел поддржува 4K (ULTRA HD) видео записи само преку HDMI
влезот. (Само UF67**)
ULTRA HD видео записите не се поддржани на приемникот или на USB
влезот. (Само UF67**)
Поврзувањето со надворешниот уред може да се разликува во зависност
од моделот.
Надворешните уреди поврзувајте ги со телевизорот без оглед на
редоследот на TV приклучокот.
Ако снимате TV програма на DVD рекордер или VCR, кабелот за влезен
сигнал во телевизорот поврзете го преку DVD рекордерот или VCR уредот.
За повеќе информации околу снимањето, погледнете во упатството
испорачано со секој од поврзаните уреди.
Упатства за ракување побарајте во прирачникот за надворешната
опрема.
Ако сакате да поврзете уред за игри со телевизорот, користете го кабелот
испорачан со уредот за игри.
Во PC режим, може да има шум поврзан со резолуцијата, вертикалната
шема, контрастот или осветленоста. Ако е присутен шум, сменете го
PC излезот на друга резолуција, сменете ја стапката на обновување со
друга стапка, или прилагодувајте ги осветленоста и контрастот во менито
СЛИКА додека сликата не биде јасна.
Во PC режим, некои поставувања за резолуцијата може да не
функционираат правилно во зависност од графичката картичка.
Ако на вашиот PC се репродуцираат ULTRA HD содржини, видео или
аудио записите може повремено да бидат испрекинати во зависност од
перформансите на вашиот PC. (Само UF67**)
Поврзување на антена
Поврзете го телевизорот со ѕиден приклучок за антена со RF кабел (75 Ω).
За користење на повеќе од 2 телевизори употребете разделник на сигнал.
Ако квалитетот на сликата е слаб, правилно инсталирајте засилувач на
сигнал за подобрување на квалитетот на сликата.
Ако квалитетот на сликата е слаб кога е поврзана антена, обидете се да ја
насочите антената во правилна насока.
Кабелот за антената и конвертерот не се испорачуваат.
Поддржано DTV аудио: MPEG, Dolby Digital, Dolby Digital Plus, HE-AAC
Aдаптер поврзување
(Во зависност од моделот)
Внимавајте телевизорот да биде поврзан со DC адаптерот за напојување
пред да се поврзе кабелот за напојување на телевизорот во штекер на
ѕид.
Поврзување со сателитска антена
(Само за сателитските модели)
Поврзете го телевизорот со сателитска антена преку приклучокот
за сателитска антена со сателитски RF кабел (75 Ω).
Поставки за HDMI ULTRA HD deep
colour
(Само UF67**)
SETTINGS
СЛИКА
HDMI ULTRA HD Deep Colour
HDMI (1/2) ULTRA HD Deep Colour
- Вклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz (4:4:4, 4:2:2, 4:2:0)
- Исклучено : Поддршка за 4K @ 50/60 Hz (4:2:0)
Сите HDMI приклучоци ја поддржуваат HDCP 2.2.
4K изворот е поддржан само на HDMI влез.
4K сигналот и содржините не се достапни на RF/USB влез.
Сите HDMI влезни приклучоци поддржуваат 4K @ 50/60 Hz (За
повеќе детали околу поддржаните спецификации, погледнете
ја табелата подолу.) за видео записи со висока резолуција.
Сликата и звукот може да не бидат поддржани во зависност
од спецификациите на поврзаниот надворешен уред. Во тој
случај, променете ги поставките за
Colour
ддржани формати
Стапка на
Хроматско семплирање
Резолуција
слики
(Hz)
8 бита
YCbCr 4:2:0
50,00
3840 x 2160p
59,94
4096 x 2160p
YCbCr 4:4:4
60,00
RGB 4:4:4
1 : Поддржано само кога HDMI ULTRA HD Deep Colour е поставено
на "Вклучено".
Поврзување на CI модул
(Во зависност од моделот)
За гледање на кодирани услуги (со плаќање) во дигитален TV
режим.
Проверете дали CI модулот е вметнат во отворот за PCMCIA
картичка во правилна насока. Ако модулот не е вметнат
правилно, тоа може да предизвика оштетување на
телевизорот и на отворот за PCMCIA картичка.
Доколку телевизорот не прикажува никаков видео и аудио
сигнал кога е поврзан CI+ CAM, ве молиме обратете се до
вашиот оператор за копнена/кабелска/сателитска услуга.
HDMI ULTRA HD Deep
Длабочина на бои /
10
12
бита
бита
YCbCr 4:2:0
1
YCbCr 4:2:2
1
1
-
-
1
-
-