Кога ќе го поставите прстот на џојстик копчето и ќе
притиснувате нагоре, надолу, налево или надесно, внимавајте
да не го притиснете џојстик копчето. Ако прво го притиснете
џојстик копчето, нема да можете да ја прилагодувате јачината
на звукот и зачуваните програми.
Поставување на маса
(Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.)
1 Подигнете го телевизорот и закосете го по потреба за да дојде во
исправена положба на масата.
Оставете простор од 10 cm (минимум) од ѕидот за правилна
вентилација.
10 cm
2 Поврзете го кабелот за напојување со штекер на ѕид.
Немојте да го поставувате телевизорот во близина на извори
на топлина, бидејќи може тоа може да предизвика пожар или
друга штета.
Користење на kensington
безбедносен
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот
телевизор.
Приклучокот за Kensington безбедносниот систем се наоѓа на
задната страна од телевизорот. За повеќе информации околу
инсталирањето и користењето, погледнете во упатството
испорачано со Kensington безбедносниот систем или посетете ја
страницата http://www.kensington.com. Поврзете го кабелот на
Kensington безбедносниот систем помеѓу телевизорот и масата.
тување на телевизорот
на ѕид
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)
Вметнете ги и прицврстете ги завртките со отвор, или носачите и
завртките на задната страна од телевизорот.
Ако има вметнато завртки на местото за завртки со отвор,
прво извадете ги завртките.
2 Монтирајте ги носачите за ѕид со завртките на ѕидот.
Усогласете ја позицијата на носачите за ѕид со завртките со отвор
поставени на задната страна од телевизорот.
3 Цврсто поврзете ги завртките со отвор и носачите за ѕид со
издржливо јаже.
Внимавајте да задржите хоризонтална положба на јажето.
Внимавајте децата да не се качуваат или да се држат со својата
тежина на телевизорот.
Користете платформа или ормар кои се доволно цврсти и
големи за да овозможат безбедна поддршка на телевизорот.
Носачите, завртките и јажињата не се испорачуваат.
Дополнителна опрема можете да набавите од вашиот локален
продавач.
Монтирање на ѕид
Внимателно прикачете го опционалниот носач за на ѕид на задната
страна од телевизорот и инсталирајте го носачот на цврст ѕид под
прав агол во однос на подот. При прикачување на телевизорот на
други градежни материјали, ве молиме обратете се до квалификувано
лице. LG препорачува монтирањето на ѕид да биде извршено
од квалификувано професионално лице за инсталирање. Ви
препорачуваме да го користите носачот за прицврстување на ѕид на LG.
Носачот за прицврстување на ѕид на LG е лесен за преместување, заедно
со поврзаните кабли. Ако не го користите носачот за прицврстување на
ѕид на LG, ве молиме користете носач за прицврстување на ѕид кадешто
уредот ќе биде соодветно прицврстен за ѕидот со доволно простор за да
овозможи поврзување со надворешните уреди. Препорачливо е да ги
поврзете сите кабли пред да ги поставите фиксираните носачи за на ѕид.