Ако се случи нешто од подолу наведеното, веднаш исклучете го
производот од напојување и обратете се до локалниот сервисен
центар.
Производот е удрен
Производот е оштетен
Туѓи тела се навлезени во производот
Производот испушта чад или чуден мирис
Ова може да предизвика пожар или електричен удар.
Ако немате намера да го користите производот подолго време,
исклучете го струјниот кабел од производот. Наталожената прашина
може да предизвика пожар или поради оштетена изолација може да
дојде до истекување на електрична струја, струен удар или пожар.
Уредот не би требало да се изложува на капење и прскање и на него
не треба да се поставуваат предмети наполнети со течности, како на
пр. вазни.
Не инсталирајте го овој производ на ѕид, доколку таму може да
се изложи на масло или масни честички. Тоа може да предизвика
оштетување и паѓање на производот.
Доколку вода или некоја друга супстанца навлезе во производот (на
пр. во AC адаптерот, кабелот за напојување, телевизорот), откачете
го кабелот за напојување и веднаш обратете се до центарот за услуги.
Во спротивно, би можело да дојде до пожар или електричен удар.
Користете само AC адаптер и кабел за напојување одобрени од LG
Electronics. Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен
удар, неисправно функционирање или деформирање на производот.
Немојте да го расклопувате AC адаптерот или кабелот за напојување.
Ова може да предизвика пожар или електричен удар.
4
ВНИМАНИЕ
Инсталирајте го производот на места каде што нема радио
бранови.
Треба да има доволно растојание помеѓу надворешната антена
и електричниот вод за да се спречи контакт меѓу нив дури и ако
антената падне. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
Не инсталирајте го производот на места како нестабилни полици
или закосени површини. Исто така, избегнувајте места каде
постојат вибрации или каде производот не би имал добра подлога.
Во спротивно, производот може да падне или да се преврти, што
може да предизвика повреди или оштетување на производот.
Ако го инсталирате телевизорот на држач, потребно е да се
преземат мерки за да се спречи превртување на производот. Во
спротивно, производот може да падне и да предизвика повреди.
Ако имате намера производот да го монтирате на ѕид, на задната
страна од производот прикачете рамка за монтирање усогласена
со VESA стандардот (опционален дел). При инсталирање на уредот
со користење на носач за на ѕид (опционален дел), внимателно
прицврстете го за да не дојде до паѓање.
Користете само додатоци / опрема наведени од производителот.
При инсталирање на антената, обратете се до квалификуван
сервисер. Може да дојде до опасност од пожар или електричен
удар.